Познатиот ТВ водител може да се пофали со убавата сопруга Маја од која е постар речиси две децении, поточно 18 години, меѓутоа тоа за нив не претставува проблем.
-Во секоја врска емоциите се на прво место, макар што тоа од година во година се менува. Ние оваа година ќе прославиме 15 години заеднички живот. Добро функционираме иако сме комплетно различни. Таа заврши медицина, работи како лекар во Завод за трансфузија на крв. Максимално ја поддржувам, баш како што и таа ја почитува работата со која се занимавам и поради тоа некогаш се согласува да се појави на некоја манифестација, вели водителот.
-Маја во многу нешта е позрела од мене, а во нашиот случај не постои конфликт на генерации. Не сакам стереотипи, па и во работата соработував и со постари и со помлади, што сметам дека е големо богатство, вели Војо за српското издание на магазинот Стори.