Радио Милева

Oва е првата сопруга на Раде Шербеџија која почина од мозочен удар(фото)

Oва е првата сопруга на Раде Шербеџија која почина од мозочен удар(фото)

Жените отсекогаш мислеле дека е привлечен, а неговата прва сопруга, белерината Иванка Цероваќ многу ја сакаше.

Раде Шербеџија дипломираше на 22 години, а уште тогаш бил лудо заљубен во својата балерина. Раде и Иванка се венчале на 23 години.

Актерот веднаш добил ангажман во градскиот театар каде што играл во претставите „Хамлет“ и „Ричард Трети“, а неговата сопруга станала кореограф во театарот за млади. Од бракот имаат и две деца.

Во 1971 година го добиле синот Данило, а две години подоцна им се родила ќерката Луција.

фото: Фејсбук

Како актерот станувал попознат, така нивниот брак почнал да се распаѓа.  Во песната „Хамлет машина“ која ја напишал во 1992 година признал дека е виновен.

Иванка и Раде се разделиле во 1997 година, а на првата сопруга и посвети збирка во која напиша: од нас ништо не остана освен две возрасни деца кои животот ги убедува дека не беше сон“.

фото: србијаданас

Бившите сопружници по разводот останаа пријатели и до 2010 година, кога Иванка почина од  мозочен удар.

To top