Радио Милева заедно низ се'...

Ова е првата ријалити двојка чија љубов заврши со брак: Пејачот и манекенката и денес заедно среќено живеат и имаат две деца (ФОТО)

Ова е првата ријалити двојка чија љубов заврши со брак: Пејачот и манекенката и денес заедно среќено живеат и имаат две деца (ФОТО)

Уште  откога се запознале во реалното шоу, пејачот Никола Роквиќ и манекенката Бојана Баровиќ уживаат во совршена љубов и хармонија, што ретко се гледа денес.


По венчавката добија две дечиња и се чини дека во нивниот заеднички живот тие се тотално комплементарни и живеат во согласност со христијанските брачни и семејни вредности и ги негуваат доблестите кои се најмногу ценети и се еден од темелите на христијанството.

Деновиве, Никола и Бојана  го славеа четвртиот роденден на нивната ќерка Леона.

„Четири години и безброј моменти кои ви го одземаат здивот, моменти кои вечно ќе останат во вашата меморија, љубов која не може да се изрази со зборови, но и многу моменти на грижа, страв, непроспиени ноќи и сè што носи родителство. Во сите тие моменти, единствената работа што беше важна е да се биде со нив! И така, секако, секогаш ќе биде, заедно низ сè“ – напиша Бојана во својот пост.

To top