Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се уште не ги потпишале документите за развод.
Двајцата веќе имаат нови партнери и наскоро Дарко и неговата свршеница Марина Гагиќ ќе станат родители.
Како што откри Лазиќ причина за тоа што уште не се развеле е што не можеле да се договорат околу старателството на нивната ќерка Лорена.
„Не успеавме да се договориме околу старателството на ќерката. Свесен сум дека детето треба да порасне со мајката, освен тоа треба да оди во градинка во Белград, па во училиште, но, сакам законски да добием право да ја гледам и да можам да учествувам во тоа. Кога ќе се договориме околу тоа, разводот ќе биде завршен“ истакна Лазиќ и додаде дека неговата свршеница не прави проблеми околу тоа.
„Не реагира бидејќи во прашање се неколку дена кога се ќе заврши. Свесна е кое место го има во моето срце“ изјави пејачот.
На прашањето која грешка од првиот брак не сака да ја повтори, Дарко одговори:
„Ќе се трудам да не повторам ниту една грешка. Не велам дека без безобразен сопруг, но водев потполно различен живот. Сега ми е потребен мир, па ќе се трудам во бракот со Марина се да биде и остане совршено. Морам да признам дека не очекував дека толку брзо повторно ќе се заљубам“ вели Дарко.
За потсетување, Ана Севиќ и Дарко Лазиќ беа во брак, но одлучија да се разведат претходната година.
Во октомври 2018, Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа од која се уште оздравува.