Разни форми, бои, идеи, украси. Навистина има многу начини како сможе да ги направите вашите нокти.
Актуелен хит маникир е поп арт, а жените полудеа по овој нов тренд за украсување на своите нокти.
Поп-арт маникирот црпи инспирација од стриповите. Овој иновативен и креативен маникир изгледа како цртеж на ноктите, а се карактеризира со 3Д ефект создаден со помош на црно-бели линии.
На овој начин се создава димензијата која сме навикнати да ја гледаме во старите цртани и стрипови. Одлично е затоа што можете да ја пуштите вашата имагинација и да создадете уникатен маникир каков што досега не сте виделе.
Поп-арт маникирот е толку забавен и креативен. За момент нè враќа во 1950-тите и 1960-тите, кога во САД и Велика Британија се развиваше поп-артот, уметнички стил кој беше наменет за обичниот човек и кој предизвикуваше висока уметност.
извор:курир.мк
фото:Инстаграм принтскрин