Париз оваа година го дели второто место со Сингапур, а во првите пет се и Цирих и Хонгконг.
Тел Авив стана најскапиот град на светот за живот поради забрзаниот раст на инфлација кој ги зголемил цените на стоката и услугите ширум светот во време на пандемијата на коронавирусот.
Главниот град на Израел се наоѓа на врвот на листата.
Париз оваа година го дели второто место со Сингапур, а во првите пет се наоѓаат и градовите Цирих и Хонгконг, пренесува „Гардијан“.
На шестото место се наоѓа Њујорк, а потоа следуваат Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака.
Најевтиниот град на светот е Дамаск.
Напредувањето на Тел Авив на листата најскапи градови делумно е последица на моќноста на националната валута во однос на доларот, како и зголемувањето на цената на транспортот и намирниците.
Тој град ја зазеде и горната третина од табелата во сите 10 главни категории за потрошувачка на EIU.
Податоците за цените на 50.000 стоки и услуги во 173 градови добиени во месец август и септември покажуваат дека во просек цените се зголемиле за 3,5 отсто по локалната валута, што е најбрза стапка на инфлација во последните пет години.
извор: точка.мк