Дали војвотката од Кембриџ беше свесна за тоа дека нејзиниот зелен фустан ќе го понесе името „најлутиот фустан на светот“?
Кејт Мидлтон беше во посета на едно училиште во Лондон, а за оваа прилика облече зелен фустан од твид кој има така позиционирани џебови кои многумина ги потсетија на јунакот од цртаниот филм „Evil Pea“.
„Кога еднаш ќе го препознаете лутото лице на овој фустан, после тоа не можете да не го забележите“ коментираат на социјалните мрежи. Можеби фустанот беше „лут“, но Кејт постојано беше насмеана и срдечено се дружеше со децата и родителите.