Најдобрата техника за опуштање е масажата. Уште подобро е кога можете сами на себе да си пружите масажа. Масирањето на стапалата има позитивни ефекти на целокупното здравје.
Масажата го подобрува протокот на крв, го стимулира лачењето и потта, го подобрува метаболизмот, ги редуцира мастите и го забрзува протокот на крв низ ткивото. Исто така е добра поради убавината на кожата и ја прави еластична и здрава. Со самото тоа добиваме младешки изглед.
Масирањето го подобрува држењето, состојбата и изгледот на мускулите. Влијае на мускулите да се истегнат и опуштат. Ја елиминира киселината која создава грчеви и го олеснува варењето.
Познато е дека масирањето и притисокот врз одредени точки на стапалата влијае на лекувањето на болестите и помага во работата на органите.
Потребно е да ги масирате стапалата пред заминување во кревет секој ден. Третманот кој можете на себе да си го подарите е потребно да трае околу 10 до 15 минути.