Љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ трае со децении, но пред да се запознаат, поранешниот тенисер беше во брак со Зорица Десница, која му го роди синот Филип.
Првата сопруга на Боба Живојиновиќ важеше за една од најубавите белграѓанки, а неколку години беше во брак со еден од најпопуларните тенисери во тоа време.
View this post on Instagram
Подоцна Зорица се омажи за успешниот кошаркар Иво Накиќ, чие презиме го носи денес, со кој има две деца Марио и Ива.
По разводот Зорица Накиќ и Боба Живојиновиќ останаа во пријателски односи поради синот, а Филип кој тогаш остана да живее со својот татко е крајно врзан за мајка си.
Првороденчето на Боба поминува време со мајка си секогаш кога обврските му дозволуваат, а нивните заеднички моменти често ги споделува на социјалните мрежи.
фото:E-stock/ Instagram printskrin