Младата пејачка Антониа Гиговска иако е меѓу новите надежни имања на домашната естрада, таа очигледно научила дека популарноста не се стекнува само со пеење, туку дека во тоа голема улога игра и приватноста која секогаш е интересна за јавноста.
Антониа е активна на социјалните мрежи и често знае да сподели и приватни моменти од својот живот.
Пејачката е во врска со нејзиниот колега Иван од „Либеро бенд“, па често знае да сподели заеднички моменти со своето момче или да им покаже на фановите што прави кога е зад камери и кога не е на сцена.
Деновиве, пејачакта на својот „Инстаграм“ сподели фотографија со нејзината мајка Катерина на која и го честиташе роденденот.
„Мајка среќен роденден,те сакам“, напиша кратко пејачката, а под објавата се нижеа честитки.
View this post on Instagram
Мајката на Гиговска често ја подржуваше својата ќерка кога се натпреваруваше во регионалните музички шоуа.
Инаку, Антониа периодов спортски се активираше, па така во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали дека наутро пешачи во друштво на нејзиниот пријател, фризерот и шминкерот Даниел Николовски.