Поради рестриктивните мерки за коронавирусот, излегувањето од државата за ова лето 2020-то е ограничено.
Изборот на многумина е релаксација и разладување во топлите денови на домашен терен, а најчест избор се: Охрид , Дојран и Маврово.
Оние кои се уште не избрале некоја од ваквите слични куси дестинации, се сеќаваат на убавите времиња од претходните лета и омилените дестинации.
Пејачката Каролина Гочева на својот Инстаграм профил покажа дека и фали и се сеќава на лето 2018-то кога беше на грчкиот остров Миконос, за кој има изјвено дека и е меѓу омилените.
Откако ги евоцираше спомените од пред две години, таа откри дека овие денови се наоѓа во Охрид, па објави снимки од Св. Наум и документираше кадри од природата.
Се недеваме дека ова ќе биде единственото вакво лето за сите нас, па наредните години здрави и живи ќе создаваме спомени како некогаш, дома или подалеку – секој по свој вкус и можности.