Јелена Карлеуша денес е главната тема во целиот регион поради експлицитните фотографии, секс аферата со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш и љубовниот триаголник на двајцата фудбалери и пејачката.
Можеби малкумина паметат, а ппвеќето помлади дури и не ја паметат како „белградската скандал мала“ изгледаше некаде на почетокот на кариерата, пред околу 24 години.
Интересно е што Јелена почнала со пеење во 1995 година, објавувајќи го деби албумот со наслов “Огледалце”. Веќе со првото појавување шокираше со нејзиниот изглед. Во тоа време русокосата немаше силикони, но затоа на себе имаше тешка шминка и фризура со кркми преку челото.
На почетокот на кариерата, влеше дека идол и е Цеца, со која подоцна, станаа најжестоки ривалки.
Во наредните години сними неколку албуми. Посебно внимание предизвика песната песната “Лудача” која и ги отвори вратите кон славата, а бракот со фудбалерот Душко Тошиќ финансиски ја бетонираше, па како растеа милионите на контото на фудбалерот, растеше и нејзината популарност.