Радио Милева

Ова е единствениот син на Синан Сакиќ кој не беше на погребот!

Ова е единствениот син на Синан Сакиќ кој не беше на погребот!

Претходниот  викенд почина популарниот пејач Синан Сакиќ, а погребот беше во понеделникот.

Неговите пријатели, колеги, соработници и неговото семејство го испратија пејачот во вечниот дом. Меѓутоа, на погребот не присуствуаше и најстариот син на Синан, Медо Сакиќ, а и неговото име не се најде на некрологот.

Екипата на порталот Курир го побара Медо за да објасни зошто не бил на погребот, а тој истакна дека тоа не е точно и дека цело време стоел до сандакот.

„Не ви се точни информациите, јас бев на погребот. Во медиумите се појави моја слика, стојам покрај сандакот. Еве сега се подготвувам да идем на гробишта, денес е втор ден од погребот и семејството треба да го посети горбот, изјави Медо.

Меѓутоа, новинарските екипи на српски Курир кои во понеделникот беа присутни на погребот слушнале како луѓето коментриаат дека не можат да веруваат дека Медо не се појавил. Тие слушнале и коментар од  некоја роднина дека Медо го „изневерил“ Синан и по смртта.

На фотографиите се забележани  децата Рашид, Ален, Ернест, Елвис, ќерката и сопругата, но и не синот Медо.

фото:Фејсбук

To top