Андри Рачел од Атланта живее со 90 животни меѓу кои се магарето Билбо Багинс, козата Гандалф и две мачки Боромир и Фарамир.
Годишно троши околу 10 000 долари на храна и на ветеринарски трошоци.
Во својата приватна зоолошка градина има свињи, пилиња, папагали, коњи, пауни, патки, крави, гуштери,змии и многу други.
Адри направила и посебен кревет за да може четири животни да спијат со неа.
Исто така потрошила 10 000 долари за реновирање на домот за гости.
„Отсекогаш ги сакав животните. Мислам дека никој не се чуди шти живеам вака“ изјави Андри.
Истакна дека со неа во кревет спијат свињи и кучиња.
Во куќата ставила камери, па кога е отсутна може да гледа што прават нејзините миленичиња.
На нејзините профили на социјалните мрежи објвува фотографии со животни, а Андри призна дека никогаш не би можела да биде во врска со некој кој има само едно куче.