Живот и Стил

Откријте го неговиот карактер според пијалокот

Откријте го неговиот карактер според пијалокот

Постојат многу методи како да ги процените луѓето уште пред навистина и да ги запознаете, без разлика дали се работи за гардеробата која ја носат или говорот на телото кое го имаат. Но, постојат и мали трикови кои го откриваат вистинскиот карактер на личностите, односно пијалакот кој мажот го пие по правило и го дефинира.

Виски кола
Стручњаците виски-колата уште ја нарекуваат и викенд пијалак за мажи кои носат одела. Повеќето од нив изгледаат како мачо типови кои можат да пијат осум часа непрекинато, без да изустат ниту збор. Тие мажи се сериозни и не им е дојдено до заткулисни игри.

Вино
Мажите кои што во рестораните бараат винска карта, се повеќе уметнички души. Тие се заинтересирани за уметноста, културата и патувањата.

Пиво
Мажите кои пијат пиво, го преферираат квантитетот пред квалитетот, но постојат типови кои се редовни посетители на теретаните, кои што не сакаат да ја упропастат својата линија и својот макотрпно издлетуван “желкин оклоп” на стомакот. Личноста која го преферира квантитетот, сака забава, но тоа воедно може да биде знак на склоност кон алкохолизам. Момчето од теретаната пак, од друга страна, може да покажува знаци на укоченост и лесно осудување на другите луѓе. Луѓето кои пијат скапи пива покажуваат дека уживаат во животот и во фините работи. Таквите луѓе најчесто не пијат за да се опијат, туку за да уживаат во моментот. Мажите кои уживаат во квалитетното пиво сакаат припадничките на поубавиот пол да им бидат исти такви.

Џин тоник
По правило мажите кои нарачуваат џин тоник се пристојни, а понекогаш и таинствени, барем додека не внесат поголема количина на алкохол во себе и додека не излезе на видело нивниот насилен alter ego. Тоа се најчесто мажите кои ги исфрлаат од баровите и кои што после неколку денови повторно се враќаат како ништо да не се случило.

Виски
Мажите кои што уживаат во добар шкотски виски се успешни во својата професија, не се фалат со сопствените успеси, трпеливи се и имаат силна работна етика. Тие дечки се посериозни, плански типови кои бараат повеќе од попатен флерт.

Редбул и водка
Ако видете маж како држи во рацете редбул водка или истата ја нарачува бидете спремни на жесток секс , бидејќи тие личности најчесто сакаат развратни забави и не им е гајле што следното утро нема да се сеќаваат на ништо од претходната вечер. Тие момци се најчесто студенти, или штотуку завршиле факултет, или пак се работи за мажи кои се уште немаат расчистено со лудите студентски денови.

Мартини
Мажите кои пијат мартини се со километри оддалечени од агентот 007 кој на овој пијалак му донесе светска слава, тие се богати и сакаат тоа да го видите. Ако мажот знае што точно сака да пие, мартини кој воопшто не е мешан ниту протресен, туку директно наточен со две маслинки, исто така добро знае што сака од партнерката. Тешко е да се задоволат високите критериумина такви личности, поготово бидејќи ја бараат баш секоја маана.

Коктели
Не дозволувајте да ве залаже тоа што мажот пие шарен пијалак украсен со различни украси, кој инаку се нарекува женски пијалак, бидејќи таквите личности воедно можат да бидат и многу јаки и енергични. Таквите типови се задоволни самите со себе и не им е гајле што мислат другите кога го гледаат како смука коктел со сламка.

To top