Фолк ѕвездата Лепа Брена се подготвува за свадбата на нејзиниот посинок Филип, како и за големиот концерт кој ќе се одржи на 20 октомври во „Штарк Арена“.
Екипата на магазинот „Сцена“ го посети крајот каде што живее пејачката со цел да открие како течат подготовките, но и да откријат каква сосетка е Лепа Брена.
Судејќи по коментарите на соседите, газдарицата на Гранд секогаш е тука да помогне, а еве што велат тие за фолк дивата.
„Жената е нормална, како и сите. Редовно доаѓаат луѓе да и барат помош. Велат дека се “осакатени и ништо не им оди“. Сакаат Брена да им даде пари, некои доаѓаат од странство и прашуваат „Каде живее Лепа Брена да ми даде пари?“ , вели еден сосед и додава:
„Таа е фина жена. Кога ќе помине го гали мојот Лаки. Ги сака кучињата, таа има неколку. Кога ќе помине ќе не поздрави љубезно и тоа е сé, не се дружиме. Нејзиниот сопруг Боба ќе помине и ќе рече – Здраво соседе, како сте?
Тинејџерка која живее во маалото на Брена исто така е воодушевена од Брена и вели дека се воодушевила кога пејачката покажала дека е “голем човек“.
„Имам прекрасен однос со Брена. Често доаѓа кај нас на кафе, зборуваме, се смееме. Нормална и природна жена. Добра е, се гледа дека сите ги сака. Одиме и ние кај неа. Си помагаме! Еднаш кога се активира алармот, таа и Виктор дотрчаа со нож. Мислеше дека некој сака да краде. Сите се супер“, вели девојката.
Една госпоѓа беше расположена да открие какви сосетка е Југословенската ѕвезда:
„Еднаш имаше пожар, а таа излета на улица среде ноќ. Сите се собравме, а таа кажа – Сосетке јас викнав полиција и пожарна. Не беше некој голем пожар, нешто се запали, а димот почна да се шири накај нејзината куќа, па затоа викна пожарникари. Таа е домаќинка во секоја смисла на зборот, а Боба е различен. Тој на мајсторите ќе им даде прасе, јагне, а Брена толку не „расипува“, вели сосетката на Брена.
фото: Милош Петровиќ