Радио Милева

Откриено кој маж ја силвувал Деми Мур на 15 години: „Какво е чувството кога мајка ти ќе те продаде за 500 долари?“

Откриено кој маж ја силвувал Деми Мур на 15 години: „Какво е чувството кога мајка ти ќе те продаде за 500 долари?“

Деми Мур во книгата „Inside out“ објасни како нејзината мајка ја водела по барови за да запознава мажи.

Актерката раскажува дека кога имала 15 години, пристигнала во хотелот во кој живеела со нејзината мајка, а во апартманот ги пречекал постар маж кој ги имал клучевите од нивната соба.

Тој ја силвувал, а потоа признал дека на мајката на актерката платил 500 долари за да спие со неа.

„Тоа беше силување и измама кога човекот ме праша: „Какво е чувството кога родената мајка ќе те продаде за 500 долари?“, напиша Деми во својата автобиографска книга.

Американските медиуми го открија идентитетот на мажот кој ја силувал актерката.

Станува збор за Базил Думас познат како Вал Думас, познат бизнисмен со грчко потекло кој бил сопственик на популарниот ресторан и клуб „Кавез лудило“.

фото: ројтерс

Во текот на 70тите овој клуб бил многу популарен кај познатите како што се Селвистер Сталоне, Елтон Џон и други.

Думас имал 48 години кога ја силвувал Деми, бил оженет и имал деца.

Една година откако Думас ја силвувал актерката, таа ја напуштила својата мајка, заминала во Холивуд и станала ѕвезда.

Таткото на Деми ги оставил актерката и нејзината мајка Вирџинија.  Вирџинија потоа се премажила за Ден Гајнс за кој актерката мислела дека и е биолошки татко се до 13 година кога пронашла извод од матичната книга на родени.

Ден и Вирџинија биле алкохоличари, а Вирџинија неколку пати се обиде да се самоубие.

To top