Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ се очекува да почне да се снима наскоро иако се шпекулираше дека е неизвесно поради договорот на која српска телевизија ќе се емитува.
Сега во српските медиуми се појави информација која доста ја интригира јавноста, а тоа се сумите што ги зема секој член на жири комисијата.
– Најплатена била Цеца Ражнатовиќ која инкасираше 100.000 евра по сезона, додека Марија Шерифовиќ годишно 80.000 евра. По неа со приближна бројка следеа Вики Миљковиќ и Ана Бекута, а будно ги следеше Босанац со сума од околу 70.000 евра. Најлошо поминал Ѓорѓе Давид, кој минатата сезона инкасирал „само“ 40.000 евра – открива изворот и објаснува дека високите цифри што ги заработиле уметниците од жирито биле целосно оправдани со оглед на тоа што покрај целодневното снимање интензивно работеле во текот на недела со нивните кандидати кои се обидуваат да ги обучат како да се издигнат до ѕвездите.
И додека Ѓорѓе Давид, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ го чекаат расплетот на целата ситуација, единствена причина за грижа е Цеца Ражнатовиќ. За разлика од сите други, Цеца потпишала ексклузивен договор без разлика дали се емитува „Гранд“ или не, па новонастанатата ситуација не ја засега многу.
– Цеца има договор кој и гарантира 100.000 евра по сезона, без разлика дали се емитувала „Ѕвезде Гранда“ или не, па новонастанатата ситуација ќе и дојде како платен одмор – вели изворот.
Самата пејачка потврди дека е обврзана за „Ѕвезде Гранда“ со договорот со продукцијата:
– Потпишав договор на три години, па ќе бидам со нив уште две години – изјави неодамна Цеца.
фото:Принтскрин Јутјуб/ATA Images