За смртта на актерката Кристи Али најпрвин се огласија нејзините најблиски. Во соопштението објавено на Твитер не беше прецизирано од каков вид рак починала Кирсти, но беше наведено дека „неодамна ѝ бил откриен“.
Нејзиниот претставник сега сепак потврдил дека станува збор за рак на дебелото црево.
„До сите наши пријатели ширум светот… Со жалост ве известуваме дека нашата неверојатна, силна и сакана мајка почина по борба со ракот, кој неодамна ѝ беше откриен. Беше опкружена со најблиските и се бореше со голема истрајност. Колку беше неверојатна на екранот и филмското платно, толку беше подобра мајка и баба“, се наведува во соопштението.
View this post on Instagram
Американската актерка е најпозната по улогата во култната серија „Cheers“ за која доби и Еми награда, а публиката ја памети и по серијата „North and South“ во која глумеше со Патрик Свејзи. Исто така глумеше во филмовите „Star Trek II: The Wrath of Khan“, „Look Who’s Talking“, „It Takes Two“…
Во „Cheers“, омилениот ситком на „NBC“, Али ја глумеше Ребека Хау. Се појави во 147 епизоди откако ѝ се придружи на серијата на врвот на популарноста и продолжи да глуми во неа до 1993 година. Истата година освои втора Еми награда за најдобра главна актерка, за филмот на „CBS“, „David’s Mother“.
View this post on Instagram
Подоцна се појави и во ситкомите „The Goldbergs“, „The Middle“, „Hot in Cleveland“, „The King of Queens“, „Dharma & Greg“ и други.
фото:Инстаграм принтскрин