Радио Милева

Откриена тајна чувана 30 години: Баба Ванѓа го предвидела киднапирањето на синот на Лепа Брена (фото)

Откриена тајна чувана 30 години: Баба Ванѓа го предвидела киднапирањето на синот на Лепа Брена (фото)
фото: Принтскрин

Лепа Брена пред 30 години ја посети позната бугарска гатачка Баба Ванѓа која и откри што ја следува во иднина.

Пејачката често во медиумите зборуваше за тоа што и предвидела Баба Ванѓа, но сепак еден детаљ го криеше со години бидејќи е многу болен за пејачката.

„Станува збор за киднапирањето на нејзиниот син Стефан. Според информациите на блиски пријатели на Брена, Ванѓа уште тогаш и предвидела дека наследникот ќе биде киднапиран и ја советувала што да прави…..но, зборовите на Ванѓа, Брена ги сфати дури кога Стефан беше киднапиран. Таа исто така и кажа на пејачката дека ќе има само машки деца, а таа малку се разочара, но и кажа дека ќе се намачи со едниот син. Секако, тогаш таа беше девојка и се и беше чудно. Пред да си замине, Ванѓа и кажа на Брена дека мора да пали свеќа на Свети Стефан. Тогаш пејачката се сврте и ја праша зошто тоа треба да го прави, а гатчката и одговори: „Нема врска, гледам дека нема тоа да го правиш. Но кога тоа ќе се случи, ќе се сетиш на моите зборови и ќе палиш свеќа на „Свети Стефан“. И тука заврши посетата на Брена кај Баба Ванѓа“ вели соговорник, а пренесува ало.рс

фото: дејан бриза/ало

Соговорникот потенцираше дека од моментот кога синот на Брена, Стефан бил спасен од киднаперите, Брена често оди во еден манастир и право она што гатачката ја советуваше.

„Кога Стефан беше кинапиран, Брена се сети на зборовите на Ванѓа. Кога се заврши, веднаш замина да запали свеќа на „Свети Стефан“ бидејќи беше убедена дека тој го спасил нејзиниот син. И сега често оди во тој манастир. Брена не сака за тоа јавно да зборува, ја боли таа тема. Секако, таа не можеше ништо да промени, да го спречи киндапирањето,  дури и Ванѓа и кажа дека тоа мора да се случи. Брена овој детаљ ми го кажа пред две години и јас бев изненаден кога тоа го слушнав лично од пејачката“ тврди соговорникот.

фото инстаграм

За потсетување, Брена неколку пати истакна дека Ванѓа и предиведела дека ќе биде многу успешна како Тито,  дека ќе има огромна продуцентска куќа каде што ќе биде цела естрада, но и дека има складан брак доколку се омажи со некој во бела униформа.

Останати вести од Радио Милева