Радио Милева Заслужен е покојниот сопруг

Открени досега непознати детали: Селин Дион не сакала да ја отпее песната за “Титаник“ која ја направи славна, а еве и зошто…

Открени досега непознати детали: Селин Дион не сакала да ја отпее песната за “Титаник“ која ја направи славна, а еве и зошто…

Пејачката Селион Дион ја отпеа песната „My Heart Will Go On“, која му даде огромен печат на филмот „Титаник“.

Селин доби бројни награди после изведувањето, а иако беше позната и пред оваа песна, таа ја вивна меѓу ѕвездите.

Наградена е со Оскар за најдобра оригинална песна, доби Златен глобус, Греми во 3 различни категории, како и Сателит награда.

Она што е интересно, а и малку познато е дека Селин првично не сакала да ја сними песната.

„Не се чувствувам добро! Имам болки во стомакот…“, велела пејачката тогаш, за да го избегне снимањето на овој хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Песната од филмот е снимена „од прв обид“, а подоцна таа демо снимка била пуштена како сингл. За сето тоа е заслужен покојниот сопруг на пејачката, Рене Анжелил, кој успеал да ја убеди да ја сними демо верзијата.

Песната е многу емотивна, па воопшто не е чудно што е чест избор кога станува збор за прв свадбен танц.

фото:Јутјуб принтскрин

To top