Непознат напаѓач наводно фрлил бомба меѓу луксузната вила во населбата каде што живее Јелена Карлеуша, пренесуваат српските медиуми.
Полицијата пристигнала на повик на граѓаните, а утврдено е дека е фрлена направа која наводно оштетила фасада и двор на една од вилите.
„Бомбата е фрлена во доцните вечерни часови, па е јасно дека напаѓачот сакал само да предупреди“ вели извор.
Полицијата не разговарала со пејачката, но доколку побара ќе биде направена истрага.
„Пејачката не пријави во полиција дека добила закани или предупредувања, но ќе се направи истрага. Се истражува дали бомбата е направена поради некој од граѓаните во таа населба. Меѓутоа, таа е прва на листата поради професијата со која се занимава“ вели изворот.
Откако во медиумите се појави оваа вест, Карлеуша се огласи на својот „Инстаграм“ и истакна дека ова е лага.
„Лага“ накратко прокоментира Јелена.