Промотер Лиде - Лиде стана „Лиде на Венко“:

Откако кафето не и „запали“, Лиде на Филипче му напиша песна па му порача: „Гo чeкaм вo када мокpa кo cиpeнa, дojди ти кај дaдa нoќвa co сиpeна“! (ВИДЕО)

Откако кафето не и „запали“, Лиде на Филипче му напиша песна па му порача: „Гo чeкaм вo када мокpa кo cиpeнa, дojди ти кај дaдa нoќвa co сиpeна“! (ВИДЕО)

Лидија Гиновска, која на социјалните мрежи е претставена како Лиде – Лиде стана популарна со со своите коментари на објави кај министерот за здравство Венко Филипче.

Таа не испушташе прилика не само да коментира, туку дури и јавно го повика и покани Филипче на кафе,  со желба за лична средба со него.

Петочното поладне на 19 март 2021 година беше денот за кој сонувапше и се надеваше на остварување на големата желба на Лиде, која тогаш објави фотографија на социјалните мрежи на која пишува: „Конечно успеав да го сретнам“!

Лиде Лиде се надеваше дека ќе си ја оставри целта, но излезе само половично. Го запозна Филипче, ама министерот, дамата кафе не ја почести! Наместо кафе, Лиде од Филипче доби едвај едно заедничко селфи. И таа, како и народот за вакцините – извиси!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lide-lide-go-nacheka-filipche-se-zapoznaa-ama-dobi-samo-selfi-kafeto-na-lide-i-vakcinite-za-narodot-kje-pochekaat-zashto-so-filipche-ochigledno-moze-samo-da-se-slikame-foto/

Арно ама упорната Лиде не се откажа. Ако веќе кафето „не и запали“ и средбата и пропадна, тогаш можеби нешто друго ќе го заинтригира повеќе, па министерот можеби ќе најде време да и посвети малку повеќе внимание. Затоа Лиде – Лиде дојде до генијална идеја Нималку едноставна и лесна, ама сепак… Засука ракави, напрегна мозочни вијуги и на Филипче му напиша песна.

Можеби пеењето не и е посилна страна и е „малку тенко“, ама затоа се надева дека идејата и е полн погодок, па така Лиде стана – „Лиде на Венко“.

„Ми викаат по улици Лиде-манекенко, а јас им викам – не, јас сум Лиде на Венко“!

Ова се само дел од стиховите на авторското музичко дело што така несебично и смело, ова скопско „рипче“ му го посвети на министерот Филипче.

Секако, покрај посветата тука е и скриената порака во стиховите, или поточно отворена понуда во вид на „непристоен предлог“ од Лиде за Венко:

„Гo чeкaм јас вo када мокpa кo cиpeнa, дojди ти кај дaдa нoќвa co сиpeна“…!

 

Не знаеме што ќе каже на сето ова министерот Филипче, ама од она што може да се претпостави…

Ако може со сирени на приватна брза помош и во скафандери заразени да доаѓаат на гласања, што не би можело и со сирени здрави да доаѓаат на бањање?

До тогаш уживајте во ремек – делото на „Лиде на Венко“.

 

 

 

 

To top