Радио Милева

Откако и тргна во љубовта, македонската водителка процвета: Ирена Спировска се поубава и поубава (фото)

Откако и тргна во љубовта, македонската водителка процвета: Ирена Спировска се поубава и поубава (фото)

Велат дека внатрешното задоволство на човекот се познава на неговиот надворешен изглед, а кога жената е заљубена таа зрачи со посебна енергија и сјај.

Македонската водителка Ирена Спировска важи за една од најзгодните водителки на македонската јавна сцена, а својата витка линија редовно ја одржува.

За на сцената секогаш облечена во елегантни комбинации кои и доликуваат на приликата, а кога ќе се исклучат камерите таа е сосема обична и нормална личност.

фото: притнскрин/инстаграм/иренаспировска

Спировска е позната по различни авантуристички атракции,  па често на социјалните мрежи може да видиме како планинари, вози велосипед, ужива во природните убавини.

фото: Принтскрин/инстаграм/иренаспировска

Но, она во што ужива и е љубовта и  љубовна идила. Имено, Спировска е во повеќемесечна врска со Душко Исајловски, а таа уште пред неколку месеци потврди дека е во врска, но не сака да зборува многу за својот љубовен живот.

фото: Принтскрин/инстаграм/иренаспировска

Меѓутоа, Спировска на социјалните мрежи понекогаш знае да објави некоја заедничка фотографија со партнерот од нивно патување, па фотографиите повеќе изгледаат како разгледница.

фото: инстаграм/иренаспирвоска

Имено, летниот период Спировска го искористи за неколку летни авантури низ Македонија, но и надвор од гранците на државата.

Ирена освен планинарањето или релаксацијата на некое мирно место во Македонија, ова лето беше и на Плитвички езера во Хрватска.

фото: принтскрин/инстаграм/иренаспировска

И овој пат друштво и правеше нејзината друга половина, односно нејзиниот партнер.

Фотографиите кои Спировска ги објави на социјалните мрежи повеќе наликуваат на разгледница, а водителката блеска и насмевката не ја тргнува од лицето.

фото: принтскрин/инстаграм/иренаспировска

Иако отсекогаш Ирена важела за згодна водителка, сега уште повеќе зрачи со убавина, а веруваме дека водителката ќе продолжи во своите авантури, па како што велат: „Во здраво тело, здрав дух“

To top