Радио Милева
непоправлив...

Откако и го демолираше автомобилот на бившата жена, синот на Оливер Мандиќ повторно фатен пред нејзината зграда, па доби 30 дена затвор“

Откако и го демолираше автомобилот на бившата жена, синот на Оливер Мандиќ повторно фатен пред нејзината зграда, па доби 30 дена затвор“

Синот на пејачот Оливер Мандиќ, Даријан Мандиќ, е осуден на 30 дена затвор откако наводно двапати ги прекршил итните мерки што му биле изречени поради семејно насилство.

Според медиумите, тој на 9 ноември дошол на адресата на неговата поранешна сопруга, тропал на вратата, но таа не сакала да му отвори. Потоа излегол пред зградата и и’ го демолирал автомобилот. Полицијата потоа излегла на местото на настанот и тој добил итни мерки за спречување на семејно насилство, кои се однесуваат на фактот дека не смее да се приближува и да комуницира со поранешната сопруга.

Сепак, кратко потоа, полицијата повторно го пронашла пред зградата во која живее неговата сопруга и бидејќи не ги почитувал туку ги прекршил изречените мерки,  тој бил однесен кај прекршочен судија кој го осудил на 30 дена затвор за кршење на истите. Синот на Оливер Мандиќ веднаш беше испратен на издржување на казната.

Фото: Твитер принтскрин/ Драган Удовчиќ

Останати вести од Радио Милева