Музичарот и фронтмен на популарните „Молика“, Џими Мицевски неделава во изјава за Вистина.мк го потврди крајот на 22 годишниот брак со пејачката Анета Мицевска.
Тој во телефонски разговор со нас даде одговор на написите кои изминатиот викенд како непотврдени се ширеа во домашните медиуми.
-Вистина е. „Молика“ ќе продолжи бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први, ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор, завршува Мицевски.
Приказните секогаш имаат две страни, па така сега и Анета почувствува потреба да покаже јавно дека и таа е согласна со потврдата дека на бракот му дошол крај по повеќе од две децении заедница.
Имено, македонскиот славеј пред три дена го прослави својот 39-ти роденден, а за своите следбеници на социјалните мрежи сакаше да се претстави во едно поинакво стилско светло, но и со една голема промена во одност на нејзиниот профил на Инстаграм.
Имено, Анета иако е во бркоразводна постапка, таа уште сега се реши на социјалните мрежи да го промени презимето по кое е препознатлива, па од Мицевска стана Љуманковска, односно го врати моминското.
Тоа не беше се’, пејачката се почувствува неискажана, па во изјава за порталот Гламур.мк го кажа своето:
View this post on Instagram
-Да точно е дека се разведувам и ја напуштам групата. Но ќе го почитувам договорот, до август идната година да ги одржиме сите настапи, вели пејачката која наедно го кажа истото што и екс- сопругот.
Истата сцена ќе ја делат уште една година, но не и истиот покрив над главата.
Да потсетиме, пред да застанат на лудиот камен Анета и Џими беа во врска една година, а Џими има и син од првиот брак, а пак во заедница ја добија ќерката Мони.
фото:Инстаграм принтскрин/Анета Молика