Живот и Стил

Освежувачка салата со краставици: Совршено кремаста, идеална за летните денови

Освежувачка салата со краставици: Совршено кремаста, идеална за летните денови

Оваа освежувачка салата може да се јаде како самостоен оброк или како прилог со месо.

Потребни состојки:
– 2 чешниња лук
– 1/2 краставица
– 190 гр. варена леќа
– 150 гр. јогурт
– 250 гр. крем сирење
– кора од 1 лимон
– 1 црвен кромид
– 1 шака копар

Начин на подготовка:
Исчистете го лукот, па пропржете ги целите чешниња на загреано масло. Иситнете ги со вилушка. Краставицата ситно исечкајте ја, па ставете ја во сад и додајте го исечканиот лук, варената и процедена леќа, како и јогуртот, крем сирењето, ренданата кора од лимон и ситно сечканиот црвен кромид.

Додајте сол и бибер, па добро промешајте. На крајот додајте и ситно сечкан копар.

извор:точка.ком.мк