Надуеноста на стомакот е чест проблем со кој се соочуваат многумина. Исто и бавниот метаболизам е причина за загриженост кај луѓето.
Постојат многу препарати кои помагаат во намалување на надуеноста и забрзување на метаболизмот. Но, со ова смути освен што ќе го решите проблемот, ќе уживате во прекрасниот освежителен вкус и помошта ќе ја добиете само од природата, без никакви хемиски додатоци.
Потребни состојки:
1 чаша чај од камилица (оставете го прво да се олади)
1 чаша јагоди
1 чаша парчиња ананас
јогурт со пробиотички бактерии
1 лажичка мед
1 чаша коцки лед
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
извор:среќа.мк