Живот и Стил

Освежувачки летен колач со бисквити: Неодоливо кремаст и готов за 20 минути

Освежувачки летен колач со бисквити: Неодоливо кремаст и готов за 20 минути

Одличен колач за лето бидејќи не се пече! Кремаста торта со мелени бисквити ќе го воодушеви целото семејство. Брзо и лесно се подготвува, а вкусот е навистина феноменален.

Се состои од два слоја и можете да го декорирате со шлаг и малку прелив по избор.

Долен слој:

300 гр мелени бисквити
100 гр шеќер во прав
100 гр путер
200 мл млеко

Горeн слој:

100 гр шлаг во прав
200 мл млеко
400 гр павлака 20%
300 гр мелени бисквити
шеќер во прав по желба

Подготовка:

Се мати путерот со шеќерот во прав, се додаваат мелените бисквити и повторно се мати. Потоа додадете млеко и соединете сè. Смесата треба да е густа.

Во тава со димензии 30 x 20 см се става целата смеса за кората и потоа со шпатула рамномерно се распоредува.

Изматете го шлагот со млеко, додадете павлака и шеќер по желба и се матете. Потоа додадете мелени бисквити и соединете. Оваа смеса треба да биде фил.

Додадете шлаг по желба и оставете убаво да се излади.

Пријатно!

Извор: Курир.мк

To top