Бидејќи бојата ја оштетува косата и извлекува пари од вашиот џеб, дамите се одлучуваат за поприродни начини, кои речиси ништо не чинат и се поздрави.
Доколку сакате вашата коса да добие посветла нијанса, не ви требаат скапи препарати, доволно е да ѕирнете во сопствената кујна.
Во шише со распрскувач измешајте еднакви количини јаболков оцет и свежо исцеден сок од лимон. Смесата испрскајте ја на прамените, или на целата коса, во зависност од тоа каква фризура сакате.
Оставете да делува околу 15 минути (можеби и подолго), а потоа исплакнете со топла вода. Мирисот на оцет ќе исчезне додека косата се суши. За подобар ефект, повторете ја оваа постапка неколку пати и исушете ја косата на сонце.
Извор: Курир.мк