Живот и Стил

Осум најчести родителски грешки со кои лошо влијаете на детето

Осум најчести родителски грешки со кои лошо влијаете на детето

Одговорните родители ќе направат сѐ за да израснат среќно и успешно дете, но понекогаш тоа не им успева. Грешките во родителството може да влијаат врз тоа како детето ќе ги анализира настаните околу себе и каков поглед на светот ќе создадат како возрасни луѓе.

Ова се најчестите грешки што родителите ги прават, а може лошо да влијаат на детето и неговиот развој:

Не му покажувате на детето дека го сакате

За детето, мама и тато се најважните луѓе на светот. Што се случува кога децата не ја чувствуваат љубовта на своите родители? Опаѓа нивната самодоверба и почнуваат и самите да не се сакаат себе си. Како резултат на тоа некои луѓе се обидуваат очајнички да сменат нешто кај себе како возрасни луѓе, за да бидат сакани. Поради тоа може да прават непотребни и претерани пластични операции или да остануваат во врски во кои се несреќни, па дури и злоупотребувани, само за да не бидат сами.

Се обидувате да контролирате сѐ

Зошто родителите треба да градат однос со своите деца без постојана (желба за) контрола? Понекогаш родителите забораваат дека нивните деца пораснале и продолжуваат да прават сѐ за нив. Многу е веројатно дека овие деца не доживуваат емоционална зрелост и имаат проблеми во врските понатаму.

Често мислат дека целиот свет се врти околу нив и немаат способност да изградат здрави односи бидејќи не можат самостојно да носат одлуки и мислат само на себе.

Не ги охрабрувате децата сами да носат одлуки

Кога родителите носат одлуки за своите деца со тоа не им дозволуваат да бидат независни и решителни. Секое дете треба да има право на избор (секако, согласно неговата возраст).

Неможноста самостојно да се носат одлуки ги прават овие луѓе неспособни за решавање проблеми и секогаш ќе им треба некој да им помогне. Нема да им биде лесно да го најдат своето место во светот бидејќи не знаат точно што сакаат.

Постојано се расправате пред нив

Ако родителите постојано се расправаат, децата може да си помислат дека тие се виновни за тоа. Тие не разбираат што се случува и емотивно и лично ги доживуваат ваквите настани.

Кога ќе пораснат, овие луѓе обично ќе се обидуваат да одбегнуваат конфликтни ситуации или во сосема друга крајност – да бидат насилни кон другите. Во иднина, девојчињата несвесно ќе се обидуваат да им покажат на мажите дека се посилни, а машките обично го повторуваат однесувањето на татковците. Покрај тоа, тие често сфаќаат дека тоа што го прават е лошо и како резултат на тоа може да развијат проблем со зависност од алкохол или дроги.

Го барате невозможното

Детето им верува на возрасните во својот млад и наивен живот, особено на своите родители, па прави сѐ што ќе му се каже. Ако вашите барања се поголеми од неговите можности и способности и детето не успее во тоа што се бара од него, ќе почне да мисли дека е губитник кој не заслужува да биде сакан.

Со таков тип на личност е речиси невозможно да се живее. Овие луѓе речиси секогаш ќе бидат премногу фокусирани на успех. Ако не успеваат да дадат сѐ од себе (по ниво мислење), се чувствуваат несреќни, па дури  и депресивни. Овие луѓе исто така обично ги спречуваат другите членови на семејството да бидат среќни.

Го учите детето да биде послушно

За жал, контролирањето на желбите на детето е нормална појава. Родителите се тие кои му кажуваат на детето кога да гледа телевизија, кога да си игра, кога да учи или да заврши некоја задача. Но родителите често знаат да му кажат на детето да гледа телевизија или да си игра на компјутер за да не ги вознемирува. Кога на детето му давате задача, обврска или ограничување, треба да му објасните зошто е тоа така, а не да создавате послушна кукла која прави сѐ што ќе ѝ кажете.

Целта на секој родител треба да биде да воспита личност која ќе биде способна самостојно да живе, да одлучува и да се грижи за себе и другите следејќи ги сопствените вредности и потреби.

Децата воспитувани на овој начин обично не можат да живеат самостојно и се претвораат во зависни личности. Исто така, имаат потешкотии да сфатат што сакаат и што е штетно за нив, па си го загрозуваат здравјето со ризично однесување бидејќи никој не ги спречува да го направат тоа.

извор: курир.мк

To top