Рашид Сакиќ (42), синот на починатиот фолк пејач Синан Сакиќ, избегал од куќен притвор вчера, откако бил осуден од 14 август минатата година. Како што дознава Курир, тој ја скршил својата електронска алка на ногата и избегал од куќата каде што престојувал.
Вчеравечер во 5.40 часот, системот регистрирал штета на предавателот, односно на електронската алка која ја носата осудените. По теренскиот увид, утврдено е дека тој не се наоѓа на адресата на која се извршува казнената мерка и за тоа веднаш бил известен надлежниот суд – потврдиле за српски Курир од Управата за кривични санкции при Министерството за правда.
Проблематичниот син на музичка фолк легенда од вчера го бара полицијата, но тој се’ уште не е уапсен.
Инаку, Рашид Сакиќ е повеќекратен повратник, а последен пат беше уапсен во јануари минатата година под сомнение дека со неговиот пријател Милан Ц. (36), го претепале и ограбиле кројачот Владица М. во центарот на Лозница. Тој беше приведен и притворен се’ до средината на август, кога беше префрлен во куќен притвор со електронска алка околу ногата, откако му беше изречена казна затвор од седум месеци.
На Сакиќ не му било дозволено да ги напушти просториите на куќата во која престојувал без одлука на судот во Лозница.
Рашид, патем, е најстариот син на Синан и има „богато“ полициско досие.
„Како малолетник тој бил приведен за насилно однесување, обид за убиство и изнуда. Продолжил по истиот пат и како возрасен. Приведен е за време на акцијата „Сабја“ во 2003 година, а последен пат беше пуштен од затвор кон средината на април 2018 година, откако издржа казна од 12 години на пресуда од Вишиот суд во Шабац за обид за убиство“ – објаснува соговорникот.
Само неколку недели откако ја издржа казната и го напушти затворот, неговиот татко Синан Сакиќ почина во јуни 2018 година во Белград. Наводно, пред неговата смрт, таткото и синот се смириле, иако додека Рашид бил зад решетки, Синан јавно го обвинил синот за патот по кој тргнал. Тој признал дека само еднаш го посетил својот син во затворот.