На прв поглед, островот Нихау може да делува како идеално место за одмор. Станува збор за најмалиот населен остров на Хаваите, а се простира на околу 179 квадратни километри на западниот брег на Кауаи.
Во овој тропски рај опкружен со Тихиот океан, температурите во текот на целата година се движат помеѓу 20 и 30 Целзиусови степени, а плажите се преполни со ретки школки.
Но, за жал, овој остров ретко кој може да го посети. Островот Нихау уште се нарекува и “забранет остров” бидејќи е во приватна сопственост, а до него се стигнува само доколку ви испратат приватна покана. Кралот Камехамеха го продал Нихау во 1863 година на Елизабет Синклер за околу 10 илјади американски долари, а нејзините наследници – фамилијата Робинсон – управува со островот повеќе од 100 години.
Според пописот во 2009 година, на островот живеат околу 130 луѓе, но се претпоставува дека бројката во меѓувреме пораснала на 250 поединци кои го поминуваат својот живот, оддалечени од благодетите на модерниот живот.
Нема ни изградени патишта, хотели и супермаркети; еднаш неделно на островот пристигнува брод кој ги пренесува потребните намирници, а во случај на опасност на располагање е хеликоптерот на сопствениците, додека коњите и велосипедите се главните транспортни средства. Жителите немаат мобилни телефони ниту вода, а електричната енергија се добива преку соларните панели.
Сопствениците сакаат да ја одржат хавајската култура, па затоа Нихау е единствениот остров каде ретко се зборува англискиот јазик.
извор: точка.мк