Вежбањето по напорен ден или, уште полошо, на жештина ретко на кого му одговара.
Ако не можете да се натерате да почнете да вежбате, одвојте само 20 минути за вежба која позитивно ќе влијае на вашето целокупно здравје. Со оваа вежба за релаксација, која наликува на техника на јога, лесно ќе го решите проблемот со циркулацијата, варењето и несоницата, а и воопшто ќе бидете во подобра форма.
Изберете соодветно место покрај ѕид, ставете перница под долниот дел на грбот. Подигнете ги нозете и истегнете ги по ѕидот, а рацете спуштете ги покрај телото. Останете така 20 минути. Важно е вашата облека да биде удобна, за да не ја запрете циркулацијата на крвта.
Погледнете какви позитивни промени носи оваа вежба за вашето тело.
Ја подобрува циркулацијата
Чувството на тежина и отекување на нозете се поврзува со лошата циркулација на крвта и состојбата на крвните садови. Оваа вежба со самата положба на телото ќе ја забрза. Кога ќе се вратите во вашата нормална положба, брзо ќе ја почувствувате промената.
Го подобрува варењето
Ваквата положба на телото ја подобрува работата на желудникот, бидејќи на овој начин се зголемува протокот на крв во внатрешните органи. Стомачните мускули стануваат посилни и храната полесно се вари. Во исто време, оваа вежба ќе ви помогне да ги апсорбирате хранливите материи од храната.
Поквалитетен сон
Една од причините за несоница е непријатното чувство во нозете. Редовното подигање на нозете ќе ви помогне да се ослободите од лошиот сон. Покрај тоа, мозокот ќе добие повеќе кислород поради правилното дишење. Сонот ќе ви биде поквалитетен, а ќе бидете поодморени.
Извор: Попара.мк