Фотографијата на Гоца и Шабан Шаулиќ од почетокот на нивната љубов крие голема тајна. Имено, иако нивниот брак многупати беше мета на озборувања во текот на четири децении, тие двајца преживеаја, а Гордана не криеше дека тоа во голема мера е нејзина заслуга.
Дека, сепак, постоела голема љубов меѓу сопружниците, чија врска ја одбележаа и три прекрасни деца, крие фотографијата од почетокот на љубовната приказна, како и албумот „Кафанска ноќ“, кој Шабан целосно го посвети на Гоца.
Еднаш дури и се разделиле,а Гордана подготвила документи за развод поради љубовта на Шабан кон кафаната. И покрај тоа, таа издржа неполни 20 дена без сопругот, а фотографијата на Гоца и Шабан Шаулиќ која последниве денови кружи на интернет потекнува од времето на помирувањето.
– Многу сакав кафеани. По три дена можев без престан да бидам таму со моето друштво. Гордана го поднесе тоа, но еден ден реши да се разведе. Дојдов дома пијан, а таа ми даде документи за развод. Го потпишав од лутина, а всушност во тој момент не ни знаев што навистина сум направил – изјави тогаш Шабан.
Млади, заљубени и среќни Гоца и Шабан во љубовен занес во слична атмосфера поминаа уште четири децении хармоничен брак, а вдовицата на кралот на народната музика не крие дека таа блискост денес неизмерно и недостига.
фото:Приватна Архива Стори.рс/ РАС Србија