Промотер

„Ориентал бенд” ти подаруваат нова песна и те канат без да му ја мислиш, да останеш дома – „Кажи да“ (ВИДЕО)

„Ориентал бенд” ти подаруваат нова песна и те канат без да му ја мислиш, да останеш дома – „Кажи да“ (ВИДЕО)

„Ориентал бенд” во ова лудо време – невреме ни ја подаруваат својата нова песна, насловена „Кажи да”. Уште по првото нејзино слушање ќе почувствувате позитивна енергија која ќе ви го разубави расположението во овие тешки денови на страв, изолација и клаустофобија. Весел брз ритам, грст млади луѓе и таа, пејачката на бендот Лидија Паскова со својот  нескротливи темперамент, кој секогаш делува позитивно врз публиката.

„Очекуваме со новите авторски песни уште повеќе да се приближиме кон нашата публика, бидејќи се што сме постигнале како бенд, популарноста, поканите за настапи, успешните забави, сето тоа и го должиме токму на публиката“ – ќе изјави Паскова, која со своите колеги од „Оринтал бенд“ зад себе имаат стотици приватни забави, над 500 свадби, настапи во локали, клубови, дискотеки, учества на фолк фестивали како „Валандово“ и „Роса Фест“… и додава:

„Деновие снимивме три нови авторски песни, кои ќе добијат и видео записи за кратко време. Останува да видиме како ќе бидат прифатени од публиката. Искрено се надеваме дека ќе останеме доследни на нашиот стил, дека ќе ја оправдаме довербата која ја уживаме кај народот“ – раскажува Паскова за “Фокус“.

Комплетен автор на песната „Кажи да“, како и на повеќето нивни авторски песни е Никола Дафов – Дафе, клавијатуристот на „Ориентал бенд“. Видеото го потпишуваат режисерот Ненад Витанов и „Арт студио” – продукција.

Инаку,  за „Ориентал бенд” и нивната свирка се вели дека долги години се закон во Тиквешијата и пошироко, затоа што освен целиот репертоар со кој располагаат, тие сепак во себе ја носат онаа посебна нишка на ритамот на живот, среќа и љубов, кои ги шират со позитивната енергија која зрачи од нив.

Затоа „Кажи да“ – ќе седам дома, слушни ја нивната нова песна, погледни го видеото и не губи надеж дека сето ова бргу ќе помине.

To top