Живот и Стил

Организмот ви испраќа јасни сигнали преку јазикот – еве на кои здравствени проблеми укажува тоа

Организмот ви испраќа јасни сигнали преку јазикот – еве на кои здравствени проблеми укажува тоа

Доколку внимателно го погледнете јазикот, ќе забележите некакви знаци кои што укажуваат на здравствени проблеми со кои што се соочувате.

Микропукнатини: Пукнатините кои што се наоѓаат на средината или пак на задниот дел од вашиот јазик, укажуваат на цревна малапсорпција, алергии или пак чувствителност на храна.

Слузница: Густата, жолта или белa слуз може да биде знак на собирање на токсини во цревата. Доколку се акумулира во средината на јазикот, тоа е симптом на проблем со тенкото црево, а доколку е во задниот дел на јазикот, тогаш можеби имате проблеми со дебелото црево.

Кафеав или пак потемен слој на јазикот: Темниот, па дури и црниот слој на јазикот може да биде поради пушењето цигари, кафето или пак темните чаеви, но и лошата орална хигиена. Во тие случаи неопходно е јазикот да го измиете со четка за заби, додека тој слој не се отстрани.

Упорни црвени дамки: Ова може да биде знак за канцер на јазикот, но немојте веднаш да паничите, единствено што треба да направите е да посетите доктор.

Доколку го одржувате чист вашиот јазик, тогаш вие водите грижа за здравјето на вашите органи. Поради тоа двапати дневно добро измијте го јазикот и направете детоксикација на организмот.

извор:точка.ком.мк

To top