Манекенката Емили Ратајковски по гласините за врската со Бред Пит повторно е во центар на внимание благодарение на своето модно издание, поради тоа што на забава во Њујорк избрала да носи провиден, мрежест фустан во којшто ја нагласила својата импресивна фигура на тело.
Емили Ратајковски била една од бројните ѕвезди кои биле повикани на забавата на 50-годишнината на „W Magazine“ во Њујорк.
View this post on Instagram
Емили, која среде гласините дека се гледа со Бред Пит потврдила дека е „однеодамна слободна“ и дека „ужива во својата слобода“, заблескала во оваа модна комбинација.
Ратајковски ја покажала својата импресивна, витка фигура на тело во провидниот, мрежест фустан од брендот „Toyu Burch“ под кој носела само долна облека во боја на кожа.
Манекенката која ги освојува насловните страници на магазините, едноставно блескала и била во стилот на 80-тите…
Таа носела и црни сандали на висока потпетица кои ги искомбинирала со мала, црна чанта.
View this post on Instagram
На својот Инстаграм профил споделила и видео во кое покажува исечоци од одредени моменти од вечерта, како и низа фотографии од своето модно издание.
фото:Инстаграм/Emrata