Јелена Карлеуша одговори на прозивката на опозицискиот политичар Бошко Обрадовиќ, кој нејзиниот новогодишен настап го нарече антимузички и промоција на хомосексуалноста.
„Белград, главниот град на Србија, повторно се посрамоти од антимузичкиот настап на Јелена Карлеуша и промовирањето на хомосексуалноста со која ги мамат младите во пресрет на фискалната Нова година, сето тоа емитувано на националната фреквенција. Злобниот Весиќ го понижи повторно нашиот Белград и Србија“ – напиша Обрадовиќ на Инстаграм, а Карлеуша брутално му возврати одговарајќи:
„Вие сте ми мене супер, многу ми е жал што таков музички стручњак како тебе не е нов член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“! А и згодни сте, сигурно би направил одличен рејтинг со овие „кул“ фашистички испади кон своите граѓани и јавните личности (Цеца е премногу досадна). Од каде сте?
Јас како родена белграѓанка не сум сигурна дека сме родени во истиот град што го нарекувате ‘свој’. Ние белграѓаните никого не мразиме, за нас сите се добредојдени во овој град, вклучително и вие“, напиша Јелена и додаде: „Смрт на фашизмот – слобода на народот“.
Карлеуша се осврна и на забелешката на Бошко Обрадовиќ за заменикиот градоначалник на Белград, како што го нарече „злобниот Весиќ“:
„А тој злобниот Весиќ, како што го нарекува овој човек, го направи Белград центар на светот во новогодишната ноќ, донесе 100.000 туристи од целиот регион на дочек и покажа дека сме град со големо срце што не ги дели луѓето по националност, вера или сексуална ориентација. Го сакам Белград“ – заклучи Карлеуша.
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar