Британските доктори предупредиле да не се блокира протокот на воздух преку уста и нос при кивање откако го опишале случајот на 34 годишен маж со дупки во грлото кога го стиснал носот и затворил устата обидувајќи се да го спречи кивањето.
Кивањето е невероватно силно, а воздухот заедно со слузта од носот и устата се исфрлаат со брзина од 160км/ч, спрема истражувањата на Клниката од Кливленд
Мажот кој до тогаш бил во добра и здрава состојба бил прегледан под хитно во болница откако се пожалил на болно голтање и промена на гласот после силното кивање, објавиле докторите во стручното списание British Medical Journal, опишувајќи го настанот.
“Откако го спречил кивањето со затворање на устата и носот, опишал како нешто да му излегло на вратот каде што имал на двете страни отоци, велат стручњаците.
Задржувањето на кивавицата му го одрала мекото ткиво во грлото поради што дошло до повреда на ждрелото.
Притоа во мекото ткиво му се создале воздушни меури поради што помислил дека нешто му излегло на вратот. Притисокот морал некако да излезе, а ова било очигледно единствен начин.
Поради страв од инфекција, докторите го хоспитализирале, го хранеле преку туба и му давале антибиотици. Пуштен е после една недела откако му зараснале раните на вратот.
“Овој 34 маж рекол дека го задржувал кивањето бидејќи сметал дека е нехигиенски. Тоа значи дека тој го задржувал 30-на години, но овој пат било сосема поинаку”, рекол авторот на студијата објавена во BMJ, Wanding Yang.
“Ако повремено луѓето го спречуваат кивањето, ги оштетуваат ушните тапанчиња или синусите”, вели Рејчел Зекели, имунолог.
Со кивање повремено се решаваме од потенцијални штетни иританси во носот, грлото и плуќата. Притисокот се создава во плуќата, а потоа “експлодира” прку носот и устата. Но ако се блокира носот и устата тоа ќе најде друг пат, пишува Вашингтон Пост.
извор:вечер.мк