Што не ќе види човек дека се продава и купува на Интернет!? Онлајн бизнисот секојдневно станува се поразвиен, се по раширен и се подобра бизнис зделка! Преку Интернет можеш да се подновиш со омиленото нешто што те прави среќен, или пак да се отарасиш од здодевното нешто, што ти завзема простор и те нервира! Народот се и сешто купува и продава, ама баба? Да, баба! На страната на „Пазар 5“ осамна и таков, шокантен и бизарен оглас: Македонец си ја продава бабата!!!
„Продавам баба, 68 години, има пензија 15.000. Цена по договор“ – напишал тој.
Ова предизвика лавина гневни реакции во јавноста и кај луѓето што го виделе огласот. Некои дури и го пријавиле во полиција и во коментарите пишуваат дека од полицијата им рекле дека веќе стигнале преку 40 пријави за истиот случај. Други, пак, му посакаа еден ден и тој да биде продаден на истиот начин.
Единствено останаа нејасни две работи: Причината заради која „довитливиот продавач“ решил на овој начин да се пошегува со бабата и дали бабата му е баба – мајка на татко му или мајка му , или баба – мајка на жена му?