Радио Милева

Омилениот кандидат на Карлеуша среде пандемија се „закити“ со уште еден успех – пофалби не престануваат да пристигнуваат на адреса кај Мартинијан Кириловски

Омилениот кандидат на Карлеуша среде пандемија се „закити“ со уште еден успех – пофалби не престануваат да пристигнуваат на адреса кај Мартинијан Кириловски
фото: фејсбук

Кумановецот Мартинијан Кириловски својата огромна популарност ја стекна во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Под менторство на Јелена Карлеуша, Кириловски успеа да стигне до финалето во музичкото шоу. Јелена во текот на натпреварот цело време го бодреше македонскиот кандидат, му даваше поддршка, а тој и беше еден од нејзините омилени „ученици“.

По завршувањето на музичкото шоу, Кириловски продолжи со музички успеси.

Имено, тој ја издаде песната  „Пола света“, а неодамна ја објави и „Златокоса“.

Меѓутоа, во време на пандемија кога нема настапи, кога живееме во една нова нормала поради короната, кога се затворени факултетите односно функционираат со „настава на далечина“ и „оналјан предавања“, пејачот се „закити“ со нов успех.

Имено, тој го искористи времето за да ги заврши своите студии на Факултетот за туризам и бизнис логистика.

Тој стана дипломиран менаџер по бизнис логистика, а со ова нова звање се пофали на својот „Фејсбук“.

фото: фејсбук

Честитки!

Останати вести од Радио Милева