Руската салата е совршен прилог за многу јадења, а луѓето од овие простори најчесто ја поврзуваат со новогодишните празници, па таа стана неизбежно јадење во зимските месеци.
Кога правите руска салата, потребно е да внимавате на неколку работи – количината на состојките секогаш да биде пропорционална, како и димензиите на парчињата зеленчук исецкани на коцки.
Зеленчукот може да го исецкате и пред готвењето, со што ќе го скратите процесот на подготовка.
Состојки:
– 3 компири
– 3 моркови
– 3 варени јајца
– 300гр. грашок
– 6-7 парчиња кисели краставички
– 300гр. пилешка шунка
– 300гр. мајонез
– 200гр. павлака
– сол
Подготовка:
Добро измијте ги компирите и морковите, па ставете ги во тенџере со вода, посолете и варете ги еден час. Исцедете ја водата и оставете да се излади.
Одделно сварете го грашокот и цели јајца, па ставете ги да се изладат.
Компирите, морковите и јајцата треба да ги излупите и да ги исецкате на коцки. Потоа, додадете го мајонезот и павлаката и сè заедно добро измешајте.
На здравје!
Извор: точка.мк