Времето и праксата од реалната слика покажуваат дека воопшто не е важно кој е победникот во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“, туку оној што оставил најголем впечаток кај публиката и секако го изберал вистинскиот тим и вистинскиот пат понатаму.
Токму тоа му се случува на охриѓанецот Александар Јосифовски кој иако заврши како второпласиран од преходната сезона на натпреварот, Александрар е меѓу најпосветените во работата, а остана и да настапува заедно со менторот Ѓорѓе Давид во неговиот бенд „Death Saw“.
Ако на повеќето учесници од шоуто можеби веќе сме подзаборавиле, со уникатниот и ексцентричен рокер Александар тоа не е случај. Тој дури направи и белградска промоција на песната „Пусте ночи“ каде се сообраа голем број големи естрадни ликови од Србија.
Па така, за нашиот охриѓанец кога кариерата е во прашање, нема пауза и мирување. Пеиодов Александар постојано е на пат од град во град, од сцена на сцена во Србија и Македонија, а кога ќе се врати дома, омилено му е едно место каде ги полни батериите и црпи инспирација – дворот во неговиот дом во родното Охрид.
Езерско-планинска клима, свежина и посебна енергија од неговиот приватен домашен рај каде тој се чувствува најубаво.
Амбиентот од интимниот дел од дворот посака да го покаже на дневна светлина и ноќе, а следбениците во коментари му порачаа дека и тие би сакале да имаат едно вакво затскриено сепаре на отворено, далеку од очите на сите.
Инаку, бендот на Ѓорѓе Давид во кој се појавуваат Александар и годинешната „Гранд“ победничка Славица Ангелова, на 9-ти сепрември ќе пеат во Смедерево, додека на 20-ти доаѓаат на Карпошово културно лето во Скопје.
фото:Инстаграм принтскрин