Промотер

Охридскиот рокер Александар Јосифовски е на добар пат да го освои регионот со рок баладата – „Иди“ (ВИДЕО)

Охридскиот рокер Александар Јосифовски е на добар пат да го освои регионот со рок баладата  – „Иди“ (ВИДЕО)

Охридскиот рок-пејач Александар Јосифовски ја промивораше својата прва песна на српски јазик, насловена „Иди“. Александар кој настапува со групата „French olives“, пошироката јавност го запозна по учеството во „Ѕвездите на Гранд“.

Музиката на „Иди“ ја напишал самиот  Александар заедно со гитаристот Мартин Милевски, додека стиховите се дело на проверениот лирик мајстор Огнен Неделковски.

 

Младиот охридски пејач веќе во старт покажува дека е одличан вокал кој маестрално ја испеал оваа своја рок балада, но и пејач кој би можел да застане рамо до рамо со најголемите рок вокали во регионот и нивните славни бендови.

Одличната визуелизација на рок баладата „Иди“ ја потпишува режисерот Кристијан Љушев односно „Шпанец продукција“, кои  совршено си ја завршиле работатата.

Погледнете ја и прслушајте ја темата „Иди“ со која на младиот охридски рокер му претстои блескава кариера во светот на рок музиката во Македонија, а со малку среќа и добар менаџмент, секако и во регионот.

To top