Водителот Огњен Амиџиќ доби син со колешката Мина Наумовиќ, на кого му дадоа необично име. Огњен и Мина со нетрпение го чекаа нејзиното породување и во раните утрински часови Наумовиќ роди син кој го крстија по врховниот бог во словенската митологија, Перун, господар на громот и дождот.
Амиџиќ и новопечената мама цел ден добиваа честитки, а сега водителот реши да објави на својот Инстаграм профил и да им се заблагодари на сите за убавите зборови и желби.
Иако сите сакаа тој да објави фотографија од бебето, таа досега ја немаше, но тој објави ланче со симболот Перун и рече:
– Ви благодарам за честитките и убавите желби. Мина, Перун и јас – се вели во соопштението.
За потсетување, Огњен веќе има едно дете од бракот со манекенката Данијела Димитровска, синот Матеја, кој наполни десет години на крајот на ноември.
фото: printskrin/instgaram/callmenaumi