Радио Милева скромна

Одличен стајлинг за венчавка: Актерката Милена Радуловиќ со романтичен ретро фустан (фото)

Одличен стајлинг за венчавка: Актерката Милена Радуловиќ со романтичен ретро фустан (фото)

Милена Радуловиќ е млада и талентирана актерка која со својот изглед и харизма освојува каде и да се појави.

Радуловиќ е се поприсутна во медиумите кога е модата во прашање, а оваа талентирана актерка е секогаш оригинална,  толку природна и едноставна, што е голема реткост.

Милена неодамна беше кума на својата најдобра другарка од детството на свадбата, а фотографијата на актерката во црква за многу кратко време имаше голем број прегледи. Многумина беа воодушевени од изгледот на актерката, но и од нејзиниот моден избор за една ваква церемонија.

Милена избрала романтичен цветен фустан со миди должина со долги ракави, а со оглед на тоа дека овој дезен е во мода со години, дефинитивно секогаш е модерен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ND (@drenovacn)

Актерката сè комплетирала со црни сандали со дебела потпетица, а со својот изглед покажа колку добро може да изгледа ретро и модерен стил, само ако се осмелите да експериментирате.

Милена Радуловиќ е и импресивна и скромна во исто време, па не е чудно што речиси секој нејзин стил е идеја што можете да ја присвоите или копирате.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/drenovacn

To top