Живот и Стил

Одберете го вистинскиот веренички прстен

Одберете го вистинскиот веренички прстен

Голем број на двојки ги одбираат своите бурми со цел да се совпаѓаат со вереничкиот прстен. Тоа не е неопходно бидејки вереничкиот прстен се носи на лева рака, а бурмата на десна.

Исто така при купувањето можете бурмата и вереничкиот прстен да ги одберете во ист стил, но изработени со различен метал.

Најчести метали кои доаѓаат во комбинација за веренички прстен се:  жолто злато, бело злато и платина.

Најтрадиционално од сите метали е жолтото злато. За голем број на луѓе жолтото злато е симбол на љубовта и топлината на бракот.

Ѕирнете на внатрешната страна на прстенот за да ја дознаете каратажата на златото – 14К, 18 К или 24К. 24 каратното злато е најчисто но истовремено и најмеко од сите метали. Ако работите со своите раце би требало да одберете 14 или 18 каратен прстен со цел да ги избегнете гребаниците.

Белото злато во моментално е тренд затоа што одговара на среброто и платината, а воедно е поефтино од платината.

Платината е метал со стил, воедно и најтежок метал и заради своите карактеристики многу луѓе го сметаат за симбол на безвременска љубов. Платината не се меша со други метали и прстенот од платина ќе го платите најскапо. Но, ако и вие го сметате за симбол на вечна љубов тогаш платината е вашиот вистински избор.

To top