Пред повеќе од четири години судбината ги соедини да бидат на иста сцена, денес токму таа судбинска средба ги смести под ист кров, во проширен состав и со многу љубов.
Музичката двојка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ периодов имаат убави спомени од она што им се случуваше пред неколку години. Сега нивниот брак во могу нешта наликува на совршен, а семејната хармонија ја надополнува онаа музичката, која е дел од нивната професија.
View this post on Instagram
Нивната животна приказна се развиваше со запознавањето во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, од каде и двајцата дојдоа да се натпреваруваат, а завршија како сопружници.
Победник од ова шоу беше љубовта која во месец јануарри ја крунисаа со граѓански брак, додека во февруари пред четири години направија и свадба.
-Денес започна петтата година од нашиот брак. А ова е нашата прва фотографија. На оваа фотографија сме само двајца пријатели кои само што се запознале, а некој да ни кажеше што се’ не чека… Се’ што беше и за се што доаѓа, те сакам, напиша Елена во описот за фотографијата од која ја навјасаа спомени од времето кога со Гуте немаа ни претстава до каде ќе стигнат нештата.
На 22-ри февруари се случи еден на друг да си ја отпеат песната на првиот свадбен танц, а оттогаш редовно да танцуваат во љубовен ритам благословени од бога со две дечиња кои се нивниот универзум – Максим и Миона.
фото: Instagram printscreen/ elenamilenkovskaa