Радио Милева Мама ипол

Од згодна-позгодна: Нина Деан го однесе синчето за првпат да го види снегот, а покажа и како изгледа на девет месеци по породувањето (фото)

Од згодна-позгодна: Нина Деан го однесе синчето за првпат да го види снегот, а покажа и како изгледа на девет месеци по породувањето (фото)

Поминаа девет месеци откако македонската актерка Нина Деан на свет го донесе своето прво дете и се реализираше во улогата на мајка.

Бебето доби модерно име Каи, а тазе мама Нина уште во првите денови по пристигнувањето од породилиштето, па и подоцна, редовно и го покажува наследникот на јавноста преку социјалните мрежи.

Сега Нина ужива во мајчинството, да го негува, гушка, гали, бакнува, фотографира… своето малечко бебенце, а деновиве го оснесе надвор од градот на нешто повисоко за Каи првпат да го види снегот.

фото:нина деан/фејсбук

На нејзиниот профил осамна неодолива зимска фотографија, а од приложеното јасно се гледа дека мама Нина е во топ форма.

Природата е различна за секоко, така што нема правила кога е во прашање враќањето на линијата по породувањето.

Инаку, Нина во текот на целата бременост не беше резервирана и често објавуваше фотографии од трудничкото стомаче. Нешто пред породувањето таа го доби и свршеничкиот прстен од својот сакан.

фото:нина деан/фејсбук

За потсетување, Нина во една прилика истакна дека Мартин е нејзина љубов од детеските денови, па се појавил по 10 години и повторно се заедно, а љубовта ќе ја крунисаат со брак.

To top